80 здравствени работници од кумановската болница се во самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција информира дека денеска биле во посета на кумановската болница. Според него, од 700 вработени во болницата 80 се во самоизолација.

– Со оглед на тоа што во кумановската болница 18 вработени се позитивни реорганизрана е работата таму. Од 700 вработени има уште 80 кои се во самоизолација и ќе се тестираат согласно периодот на инкубација. Директорката на болницата информира дека има доволно заштитна опрема. Останатите одделелија функционираат соодветно и нема друго одделение во болницата во Куманово кое е компромитирано – рече Филипче.