Град Скопје е во хаос, а најодговорен за тој хаос е „шпицниот градоначалник“ Христијан Мицкоски, Данела Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, а лично Мицкоски лобираше и ги повикуваше граѓаните да гласаат за Арсовска, како за најдобра менаџерка, велат од СДСМ.
„Токму Мицкоски заедно со Арсовска во Белиот дворец ја славеа победата, а денес двајцата заедно го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните“, вели владејачката партија
Одговарајќи на обвинувањата од Мицкоски од саботата дека СДСМ заедно со партиите Левица и ГРОМ, како и градоначланичката Арсовска прават коалиција во Советот на Град Скопје и некои скопски општин, социјалдеморкатите возвраќаат дека во главниот град „нема реализација на ветените проекти, а не се реализираат ниту проектите што се наследени“.
Универзална сала, посочуваат од СДСМ, стои со реконструкцијата, нема ни нови, ни еколошки автобуси, јавниот превоз функционира половично, па дури се случи скопјани да немаат јавен автобуски превоз.
„Универзална сала, улицата Есенинова, клучката кај Момин поток, мостот на булевар АСНОМ се дел од наследените проекти кои намерно се уште не се реализираат иако за нив има обезбедно средства. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо, освен што се караат за рацете во медот, за тендери и влијанија“, велат од СДСМ и додаваат дека скопјани „не заслужуваат ваква градска власт, која не се грижи за нивните интереси, туку знае само за неработење, навреди и клевети, кавги за тендери и бизнис влијанија“.