ФОТО I Се разведе па се разголи, Софија Вергара со први фотографии по разводот

Колумиската актерка Софија Вергара, доколку судиме по нејзиниот Инстаграм профил, не се оптоварува многу со разводот од Џо Манганиело којшто своевремено изјави дека како поранешен алкохоличар нема да успее да ја одржи врската со некој којшто не е постојано трезен.

Вергара која ужива во дружењето со луѓето и се забавува очигледно дека не можела да ја исполни желбата на Џо.

Софија Вергара откако беше објавено дека се разведува од Џо на социјалната мрежа Инстаграм објавила неколку фотографии на кои позира во костим за капење. Класичните, летни фотографии во едноделен костим за капење, добиле многу допаѓања, но и коментари.

„Последните денови од одморот. Равело, те сакам и кога премногу е топло тука“, напишала Вергара.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Како што може да се заклучи, таа ја избрала Италија за дестинација за одмор.

„Ти си дефиниција за совршенство“, „Уживај во слободата по разводот“, „Доколку некој ти е потребен за разговор или рамо за плачење, тука сум“, биле само дел од коментарите под фотографиите.

Во секцијата за коментари , коментирала и нејзината колешка Џули Бовен со која со години работела на серијата „Modern Family“, која напишала: „Вака изгледа слободна жена која гори“.

https://twitter.com/PopCrave/status/1681367278082981893?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1681367278082981893%7Ctwgr%5E52683abe5653269f9e4dbc7bb13b0dd85bcc4546%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fscena%2Fpoznati%2Ffoto-se-razvede-pa-se-razgoli-sofija-vergara-so-prvi-fotografii-otkako-se-dozna-za-razvodot%2F