ФОТО | Меџик Џонсон во Дубровник: Погледот е спектакуларен, а храната прекрасна

Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон

Легендарниот кошаркар и еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња Меџик Џонсон повторно го посети прекрасниот хрватски град Дубровник.

Во друштво на неговата сопруга Куки Џонсон, тој вечерал во еден локален ресторан и уживал во погледот кон тврдината Ловриенац.

Своето пријатно искуство, заедно со неколку фотографии, Џонсон го сподели на социјалниот медиум Фејсбук.

„Глетката беше спектакуларна, а храната прекрасна. Зад нас е тврдината Ловриенац, каде се снимаше телевизиската серија ‘Game of Thrones’“, напиша познатиот кошаркар, кој веќе неколку години по ред го посетува југот на Хрватска.

Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон

Пред посетата на Дубровник, Меџик и Куки Џонсон ја посетија и Црна Гора.

„Возбудливо е кога Куки и јас истражуваме нова земја, а Црна Гора е спектакуларна! Ова е наша прва посета на оваа земја – таа е убава и луксузна“, напиша тој на Твитер при посетата.