85 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Скопје

Денеска (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 85 пешаци. При тоа 63 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 22 за минување на црвено светло… За време на контролата регистрирани се и 57 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.