„Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии“, паршува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски во објавата на Фејсбук.
„Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата Свети Наум Охридски на Попова Шапка“, вели Велјановски и нагласува:
„Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка, што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол, очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава.
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени“?
Денес непознати лица го спуштија знамето за да го подигнат албанското, а во видеото објавено од Тетова сот се наведува дека тоа го направиле „Балистите“, најверојатно се мисли на навивачката група.