Делови од општините Аеродром, Шуто Оризари, Карпош и Бутел утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известува дека на ден 12.01.2024 година (петок) без електрична енергија ќе останат:

– Во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од пат за Долно Лисиче, фирмите околу Биолеб (Силбо) до сервис за автомобили и делови Алек-Цаки. (Општина Аеродром)
– Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, дел од ул.Индира Ганди, дел од ул. Хаџи Јован Шишов, ул. Тиквешка, исто така амбулантата и градинката „8 Април“. (Општина Шуто Оризари)
– Во периодот од 09.00 до 11.30 часот, дел од потрошувачите на ул. Нерешка. (Општина Карпош)
– Во периодот од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците во Визбегово и тоа: објектите околу црквата, околу Њу стар и околу камп за азиланти, хотел Њу стар, Камп за Азиланти и Ефес Трејд. (Општина Бутел)