Министерот за образование и наука на Република Македонија, Абдилаќим Адеми оствари средба со претседателот и извршниот секретар на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот на Евреите, Андреј Бурнс и Кетрин Мејер и со британскиот амбасадор во земјата, Чарлс Гарет
На средбата, Адеми информираше за тековните активности, проекти и реформи на министерството, кои се спроведуваат во насока на создавање поквалитетен и поконкурентен образовен систем во земјата, преку кој нашите студенти ќе можат да одговорат на глобалните предизвици на пазарот на трудот, како и на предизвиците во областа на науката и иновациите.
Мејер, во разговорот со министерот Адеми, информираше за сите активности на Алијансата кои се спроведуваат во сферата на образованието во целиот регион и изрази подготвеност за продлабочување на соработката со Република Македонија