Нема поента Русија да потпише мировен договор со Зеленски

Нема корист Русија да потпише мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи неговиот мандат е речиси завршен, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко.

За време на состанокот со Лукашенко во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин рече дека мирниот крај на украинскиот конфликт е „токму она што ние сакаме да го направиме“, но нагласи дека Русија нема да прифати какви било наметнати договори што ги игнорираат нејзините интереси.

На брифингот со новинарите во петокот, Лукашенко истакна дека мандатот на украинскиот претседател завршува во мај, што значи дека секој договор постигнат со него би бил залуден, бидејќи тој лесно може да биде отфрлен од новата администрација.

„Може да се појави ситуација кога Путин ќе рече: „Момци, со кого да потпишеме договор?…“ Истекоа овластувањата на претседателот на Украина“, изјави Лукашенко, додавајќи дека всушност не би било паметно да се склучи договор со Украинскиот лидер.

„Денес ќе потпишеме со него, да речеме, некаков договор, утре тој што ќе дојде на власт, ќе стане претседател, нема да му се допаѓа… Ќе го отфрли ова бидејќи е потпишан од нелегитимен претседател“, вели Лукашенско.

Лукашенко додаде дека западните поддржувачи на Украина, исто така, би можеле да го принудат новиот претседател да се откаже од секој мировен договор постигнат меѓу Москва и Зеленски. Според Лукашенко, тоа се случи со сега веќе непостоечките договори од Минск. Поранешниот украински претседател Пјотр Порошенко и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел признаа дека договорите постигнати со Москва во 2014 година биле постигнати за да му се овозможи на Киев повторно да ги вооружи своите сили по воените дејствија предизвикани од пучот на Мајдан.

Во моментов не е јасно што ќе се случи по завршувањето на првиот петгодишен мандат на Зеленски, бидејќи тој постојано ја отфрли можноста за одржување претседателски избори, повикувајќи се на воена состојба. Западните поддржувачи на Киев го повикаа Зеленски да ги одржи изборите во мандатната временска рамка, но украинскиот претседател рече дека тоа би го сторил само доколку западните земји се подготвени да ги финансираат.

Во 2022 година, Зеленски потпиша закон со кој мировните преговори со Русија се прогласени за нелегални се додека Владимир Путин е на власт. Според мировната формула презентирана од Зеленски истата година, преговорите исто така не можат да се одржат доколку руските сили не се повлечат од сите територии за кои Киев ги смета за свои.