![kompjuter cat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/kompjuter-cat.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Не 40,туку 90 илјади ученици утре нема да ја започнат учебната година поради тоа што немаат лаптопи и компјутери, а наставата треба да ја следат на дистанца. Овие податоци ги соопштија од Унијата на средношколци кои поставија и ултиматум. Велат дека доколку од ноември ситуацијата со Ковид-19 се смири, учениците да се вратат постепено во школските клупи, во спротивно најавија радикализација доколку пропадне учебната година.
„Информациите покажуваат дека имаме над 80 или 90 илјади ученици кои нема да можат да следат настава бидејќи немаат лаптопи. Да не дојдеме во ситуација да пропадне школската година, и во тој момент, еве кажувам како лидер на учениците, ќе има радикализација од страна на учениците.“, вели Бленди Ходаи.
Во меѓувреме, креирачите на платформата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, велат дека преоптовареноста на платформата нема да претставува проблем за наставниот процес.