Палиња потпиша на минхенски Баерн

Португалскиот играч од срниот ред, 29-годишниот Жоао Палиња се пресели од Фулам во Баерн Минхен, објави германскиот фудбалски гигант.

Палиња потпишал четиригодишен договор за баварскиот тим.

Клубовите не објавија финансиски детали, но островските медиуми објавија дека Баерн морал да му плати на лондонскиот клуб околу 50 милиони евра обештетување.

„Ова е навистина еден од најсреќните денови во мојот живот. Играњето за еден од најдобрите европски клубови е остварување на сонот за мене и не можам да бидам погорд“, изјави Палиња за клупската веб-страница по официјалното потпишување.

„Нестрплив сум да ја доживеам атмосферата на Алијанц Арената и да се поврзам со навивачите“, додаде тој.

Палиња играше за Фулам последните две години, а претходно ги носеше дресовите на Брага, Спортинг, Белененсес и Мореиренсе во португалското првенство.

За португалската национална селекција забележа 31 настап и постигна два гола.