Немири во Лидс – запалени неколку возила

На жителите на предградието Херхилс им било кажано да не ги напуштаат своите домови, пишува „Гардијан“.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги осуди „потресните сцени и напади“, додавајќи дека за таквите немири нема место во британското општество.

Немирите избија синоќа, а на социјалните мрежи беа споделени снимки на кои се гледа како луѓето фрлаат предмети кон полицајци пред да го превртат нивниот автомобил во Херхилс.

Локалните жители велат дека немирите избувнале откако полицијата била повикана на адреса во тој дел од градот за пријава за инцидент во кој биле вклучени деца и работници од социјалната служба.

Откако почнаа да пристигнуваат поголем број граѓани, членовите на социјалните служби и децата беа пренесени на безбедно.

После тоа, локалните жители почнале да фрлаат предмети кон полицијата, запалиле автобус и неколку возила.

Полицијата во Јоркшир вети целосна истрага за сите прекршоци, вклучувајќи го и палењето на возилото. Во соопштението се наведува и дека сите одговорни за насилството ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

https://twitter.com/Bushra1Shaikh/status/1814081146684121396