Вчера осуденици физички се пресметале во затворот Идризово, соопшти МВР.
„Во понеделникот во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа затвор Идризово Скопје било пријавено дека во саботата осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици“, информираат од МВР.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.