Момче нападнало маж од Камењане со остар предмет

Поднесена кривична пријава за 22-годишно момче од Камењане, бидејќи со остар предмет му нанел повреди на 35-годишен соселанец.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.

На 08.10.2024 во село Камењане, пријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно“, се вели во информацијата на МВР.