
Во мултимедијалниот центар „Матица еклсузив“ На 22 февруари (среда) во 19 часот, ќе се одржи чествување по повод 95-годишнината од раѓањето на писателот Лазар Манчевски Пинџур.На свеченоста за литературното дело на авторот ќе зборуваат Раде Силјан и Паскал Гилевски, а стихови ќе интерпретира Антонио Павловски.
Лазар Манчевски (Неготино, 1922-1997, Скопје) е автор на дваесет поетски, прозни и мемоарски книги. Тој е автор и на повеќе обнародeни песни со патриотска тематика, меѓу кои и на антологиската песна „Ми заплакало селото Ваташа“.