
“Езерџиите” славеа против тимот на Шарлот со 107:92, а најзаслужни за тоа беа Коби Брајант и Џереми Лин со по 21 поен.
Кај поразениот тим најмногу се истакна Ал Џеферсон со 23 поени и осум скокови, но без помошта од соиграчите беше немоќен да стори нешто повеќе против разиграните домаќини.
Од останатите натпревари може да се издвои и поразот на Голден Стејт, кој загуби на гостувањето кај Феникс со 107:95, како и победата на Оклахома, која иако повторно настапи без тандемот Вестбрук-Дурент, славеше против Сакраменто со 101:93.
НБА резултати:
Бруклин – Орландо 104:96
Детроит – Јута 96:97
Оклахома – Сакраменто 101:93
Торонто – Филаделфија 120:88
Далас – Мајами 96:105
Феникс – Голден Стејт 107:95
Портланд – Денвер 116:100
Л.А. Лејкерс – Шарлот 107:92