Бобан Илиоски и Милијана Релиќ прогласени за спортисти на годината

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е кикбоксерот Бобан Илиоски, а спортистка на годината е таеквондистката Милијана Релиќ.

Илиоски го освои 1-то место во категоријата до 86 килограми на Европското првенство во кикбокс маитаи, одржано во Атина, додека Релиќ стигна до четвртфиналето на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Наградите на најуспешните македонски спортисти за 2024 година им ги врачија, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.

Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски ги поздрави спортистите
и спортските работници и им се заблагодари што достојно ја претставуваат
Македонија во светот. Мицкоски изрази задоволство од она што е направено
досега по конституирањето на новото Министерство за спорт и истакна дека
спортот ќе биде еден од главните приоритети на Владата

– Ќе дадеме се од себе заедно со вас спортистите и спортските работници во
иднина да ја направиме Македонија и македонските граѓани повторно горди на
вашите постигнувања. Прв пат по осамостојувањето формиравме Министерсво за
спорт, институција која ќе се грижи исклучиво за спортот и за спортистите. Со
министеротБорко Ристовски секојдневно сме во комуникација и секојдневно
разговараме што треба повеќе да се направи за вас спортистите да имате
можности да тренирате тука дома, да може да се надградувате и да можете што

„Денеска им оддаваме признание на најдобрите – спортистите кои со својата посветеност, дисциплина и талент ги поставија највисоките стандарди. Секако, не смееме да ги заборавиме ни тренерите, клубовите, федерациите и сите спортски работници кои со години стојат зад нивните успеси. Денешниот настан е доказ дека спортот ги руши сите бариери – политички, етнички и социјални – и ја обединува нацијата. Во годинава што изминува, Македонија по две децении конечно доби Министерството за спорт. Оваа институција треба да го издигне и да го врати македонскиот спорт на местото што го заслужува. Спортот бара жртви, но носи и многу радосни моменти како овој денеска. Бидете упорни и истрајни на тој пат. Победувајте за себе и за Македонија“, порача министерот Борко Ристовски.

Во категоријата млад спортист на годината, наградата ја доби Силвио Мировски за неговото прво место во кикбокс маитаи во категоријата до 71 килограм на Светското првенство во Будимпешта. Млада спортистка на годината е ракометарката Ива Младеновска, која со својот тим го освои 18-то место на Европското првенство што се одржа во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Најуспешен машки национален тим е ракометниот национален тим-сениори, кој го освои 17-то место на Европското првенство во Германија. Најуспешен женски национален тим е ракометниот национален тим-сениорки, кој го освои 18-то место на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Наградата за најуспешен спортист со инвалидитет ја доби стрелачката Оливера Наковска Бикова за нејзините две осми места во финалето на 10 метри воздушен пиштол и 25 метри спортски пиштол на Параолимписките игри 2024 во Париз.

Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е Кирил Лазаров, кој ја водеше ракометната репрезентација, а најуспешна национална спортска федерација е Таеквондо федерацијата.

Признанието за најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта го доби Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје, а најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта е Средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица.

Најуспешна универзитетска екипа за оваа година е машката кошаркарска екипа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Специјално признание за достоинствено претставување на земјава на олимписките игри, светските и европските првенства, Лига на шампионите и на бројни меѓународни ракометни натпревари добија ракометните судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Откритие на годината за талентиран млад спортист кадет е Теодор Стојановски, кој освои сребрен медал на Европското таеквондо првенство за кадети.

Добитници по категории:
Спортист на годината: Бобан Илиоски (кикбокс)
Спортистка на годината: Милијана Рељиќ (таеквондо)
Најуспешен млад спортист: Силвио Мировски (кикбокс)
Најуспешна млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениорки
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репезентација на Македонија – сениори
Најуспешен тренер/селектор: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна национална спортска федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје