Бајден повика на уставен амандманн за претседателскиот имунитет

Американскиот претседател на заминување, демократот Џо Бајден повика на уставен амандман за претседателскиот имунитет во неговото проштално обраќање како претседател на Соединетите држави во средата, очигледно сакајќи да му зададе проштален удар на неговиот претходник и наследник во Белата куќа, републиканецот Доналд Трамп.

„Мораме да го измениме Уставот за да стане јасно дека ниту еден претседател, ниту еден претседател не е имун од злосторствата извршени додека беше на функцијата. „Моќта на претседателот не е неограничена. Таа не е апсолутна. И не треба да биде“, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Овалната соба..

За Бајден лани беше прекинат случајот во врска со неговото незаконско поседување доверливи документи уште во периодот кога тој му беше потпретседател на Барак Обама, а до кои ниту смеел да има пристап.

Бајден во понеделник ќе му ја предаде претседателската функција на Трамп, републиканецот кој убедливо победи на изборите во ноември.

Во јули Врховниот суд на Соединетите држави пресуди со 6-3 дека поранешните претседатели имаат широк имунитет од гонење за службени дела, што медиумите го претставија како голема победа за Трамп, бидејќи обвинителството и судовите водени од демократите во изборната година покранаа неколку кривични случаи. Но, исто така, одеше и во полза на Бајден во врска со случаите на злоупотреба на положбата и тргување со влијание од страна на неговиот син Хантер Бајден.

Конгресот би можел да ја поништи оваа важна одлука со измена на Уставот, но овој процес е познат како тежок за спроведување, бидејќи бара поддршка од две третини и во Претставничкиот дом и во Сенатот, по што ќе следи ратификација од 75 отсто од сојузните држави.