Од куќа во Битола украдено злато, часовници и телевизор

На улицата Милтон Манаки во Битола, вчера, непознат сторител со насилно отворање на прозорецот влегол во куќата на 34-годишниот В.Н. од каде одзел разновиден златен накит, часовници и телевизор.

Според МВР, материјалната штета е од околу 400.000 денари.

Полицијата соопшти дека презема мерки за откривање на крадецот.