Се подготвува голема полициска операција во Србија, во рамките на која ќе бидат уапсени олигарси и политичари, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.
Според изданието операцијата ќе се спроведе најверојатно следната година. Вицепремиерот Александар Вучиќ има само 27 дена во кои треба да реши на кој начин ќе се справи со спорните приватизации во земјата, рок кој му беше даден од Европската унија.
Неименувани извори од полицијата изјавиле дека истрагата веќе е завршена и се очекува следната недела да има апсења.