Утрово на сајтот на ФИБА Европа беа објавени шеширите за извлекувањето на групите за Евробаскет 2015, а нашата репрезентација се најде во четвртиот шешир.
Иако беше очекувано, сепак ова е лошо за македонската селекција со оглед на тоа дека во групата во која ќе бидеме извлечени ќе има дури три подобро рангирани репрезентации, што пак дополнително ќе ги отежне шансите за нокаут фазата и добар пласман на ЕП.
Рангирањето се вршело врз основа на резултатите од последниот Евробаскет во Словенија и последниот квалификациски циклус, а според истото, во четвртиот шешир заедно со Македонија се и Полска, Белгија и Италија, репрезентации со кои неможеме да бидеме извлечени во групната фаза.
Ждрепката на групите е закажана за 8 декември во Париз, кога ќе биде познато и во која од четирите земји-организатори ќе игра Македонија во рамките од првата фаза од шампионатот (Франција, Германија, Хрватска или Латвија).
Шешир 1: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска
Шешир 2: Словенија, Украина, Србија, Финска
Шешир 3: Грција, Турција, Латвија, БиХ
Шешир 4: Полска, Белгија, Македонија, Италија
Шешир 5: Германија, Израел, Чешка, Грузија
Шешир 6: Холандија, Русија, Исланд, Естонија.