Долно Лисиче без вода

Жителите на Долно Лисиче денеска од 11 часот па се завршување градежните работи на водоводниот пиклучок ќе останат без вода за пиење, информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму соопштуваат дека промена на воздушен вентил профил Ф-80 милиметри ќе се изврши на улица 16 бр.5 во с.Долно Лисиче, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоименото населено место.