Македонија се вброи во десетте земји со најразвиена транспланатција од жив донор, според последниот извештај на интернационалниот регистар на донирање на органи. Во истражувањето се вклучени 71 земја од целиот свет, а според листата Македонија е на деветото место според бројот на трансплантирани бубреи од жив донор, после Турција, Холандија, Кипар, Либан, Исланд, Северна Кореа и Иран.
„Ова е показетел дека во последните три години успеавме да го зголемиме бројот на трансплатации од жив донор. Ако во последните триесет години имавме направено вкупно 308 трансплатации од жив донор, само во измнинатите три години, бројката на трансплантирани органи е 92. Во време кога правиме напори да ја заживееме кадаверичната трансплатација, забележани сме и како земја со голем број трансплантации и од жив донор“, посочи д-р. Аспазија Софијанова, претседателка на комисијата за трансплантација, нагласувајќи дека годинава се направени шест кадаверични трансплатации.
Соред д-р Сашо Дохчев, шефот на тимот за трансплатација, најголем дел од трансплатациите се успешни.
„Годинава е зголемен обемот на трансплатација со тоа што се воведе и кадаверична трансплатација. Од шест кадавери, направени се 12 трансплатации. Ја оживеавме кадаверичната трансплатација која замре после распадот на поранешна Југославија. Во тој период имало направено 22 кадаверични трансплатации“, истакна д-р Дохчев.
Од почетокот на годинава вкупно се направени 37 трансплантации, а до крајот на годиава се предвидува уште четири трансплантации од жив донор.
Денска се прави уште една трансплатација од жив донор, се пресадува бубрег од од мајка на син.