
Претседателот на Здружението на бранители “Куманово 2001„ Предраг Петрушевски – Бинго (47), кој утринава беше пријавен за исчезнат, полицијата го пронашала жив и здрав во викендичка во околината на Куманово, објавува Кумановоњуз.
Тој не се појавил дома од вчера, по што утринава роднините пријавиле во полиција. Петрушевски брзо бил лоциран и пронајден во викенд куќа на негов пријател во селото Драгоманце.
“Вчера околу 8.30 часот го викнал брат му да му помогне да ја запалат колата, додека ние уште спиевме. Отиде да купи бои за мебел, кои му се потребни за работа и не се врати. Ова е прв пат дома да не се појави 24 часа. На мобилен телефон е недостапен, никој не се јави да ни каже дека некаде го видел„ – изјави сопругата Маја, пред неговото пронаоѓање.
На Петрушевски најверојатно му се исклучил мобилниот телефон, па бил недостапен. Информацијата за пронаоѓањето на поранешниот бранител ја потврди полицијата и семејството.