„Autodesк open doors 2014“ сертификати – Тренерите на Аутодеск Македонија најдобри

„Аутодеск САД“  на 14 ноември ги отвори своите врати за сите CAD професионалци.Притоа, предавачите од компанијата „Аутодеск Македонија“ имаа можност да полагаат и да се стекнат со професионални дипломи доделени од „Аутодеск САД“ кои важат за цел свет.

„Аутодеск“ како и кај сите нивни сертифицирани центри ширум Европа им понуди и на тренерите  од „Аутодеск Македонија“ да се сертифицираат со полагање на тестот за професионалци.

„Оваа можност нашата компанија ја добива како официјален тренинг сертифициран центар и центар за полагање на Аутодеск Америка  со лиценцата која ја имаме веќе 4 години. Со ова искуство и успешното полагање на тестот нашите тренери уште еднаш докажаа дека се во најдобра форма со големо искуство и дека се единствени на балканот кој покрај добро развиената наставна програма сега поседуваат и валидни сертификати за нивниот труд. Би напоменале дека овие дипломи докажуваат дека веќе сите наши предавачи го веривикуваат својот професионален кредибилитет, ги демонстрираат своите вештини, способности и обученост, им се враќа инвестицијата вложена во обуката и знењето, со добивање на professional дипломата стануваат претпознатливи и на светската мапа и се  стекнуваат со можноста да ја користат титулата Autodesk Certification professional. Нашата компанија се гордее со тоа што во нашите редови има високо обучени и сертифицирани предавачи за програмите 3ds MAX,Autocad,Maya…Успешното полагање на тестовите покажува дека во моментов сме најсериозна и најспремна компанија во Македонија за софтверите на Autodesk.USA.“, посочуваат од „Аутодеск Македонија“.

Тимот на оваа компанија  во моментов работи на усовршување на новата наставна програма за софтверите 3d max, autocad, v-ray, maya, 3ds max design, mudbox…со која сите заинтересирани курсисти ќе се стекнат со уникатни напредни знаења од ова поле. Нејзините тренери се активни во развивање на специфични иновации во однос на конкретна област од овие софтвери.

Подетални информации може да прочитате тука

a1

4 5 6 a1