Нова американска автомобилска компанија инвестира во Македонија

Нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија, открива за МРТ, министерот за привлекување инвестиции, Веле Самак.

-При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија, изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.