Техникал текстил објави оглас за вработувања во новата фабрика во Штип

Германската компанија „Техникал текстил“ објави оглас за вработување во новата фабрика во Технолошко-индустриската развојан зона Штип.

Станува збор за водечка компанија во производство на стаклени влакна и ткаенини, кои се користат како дел од изолациони системи за фасади.

„Техникал текстил“ е средно голема компанија, чии производи се продаваат низ целиот свет, односно во повеќе од 50 држави, и се користат како дел од изолациони системи за фасади.

Во моментов за новата фабрика, односно во новиот производствен погон во ТИРЗ Штип, се нудат следниве работни места:

Ткајачи – со работно искуство во ткаење, работа на машини за ткаење (weaving maschines)

Машински техничари – со работно искуство, во одржување и работа на машини

Подготвувач на производи – работно искуство со работа на coating maschines (глазура, обложување, завршна техника)

Бравари

Експерт за логистика (м/ж)

Минимални услови за вработување се ССС, физичка подготвеност за работа, работно искуство, предност познавање на англиски или германски јазик, работоволни, љубезни, пријатни, ангажирани, доверливи и способни за работа во група, изразено чувство за ред и среденост.

Од компанијата нудат одлични услови и сигурна работа, можност за понатамошен развој и унапредување, сигурни примања, соодветни обуки во нашата матична компанија, дополнителни додатоци и премии и основна плата од 10.000 МКД.

Доколу сакате тимска работа, сакате динамична работа и стекнување на работно искуство во нова средина, испратете ја Вашата кратка биографија на: [email protected] со ознака за кое работно место аплицирате најдоцна до 04.12.2014 година. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат контактирани.