Повеќе од 20 загинати при напад во Хомс

Повеќе од 20 луѓе загинаа при гранатирање во градот Хомс, во централниот дел на Сирија, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права.

Оваа организација со седиште во Лондон наведува дека нападот извршен од провладините сили се случил вчера.
Според организацијата, бројот на жртви би можел да биде поголем бидејќи при гранатирањето повредени се повеќе десетици луѓе.

Сириската војска со месеци држи под опасада делови од Хомс.