Девојка уловена со 3,5 промили алкохол во крвта

Девојка со неверојатни 3,5 промили алкохол во крвта е уловена од страна на полицијата вво текот на викендов во Нови Сад.

С.Б. (28) од Нови Сад управувала со автомобил „мазда 6“, а на совозачкото место било нејзиното момче.

– Девојката веднаш ја исклучивме од сообраќајот и ја пренесовме со полициско возило до полициската станица. Таа воопшто не се побуни, меѓутоа нејзиното момче веднаш тргна по полицискиот автомобил по што мораше и тој да биде тестиран, вели извор за српски Курир.