
Караванот на Саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, во четврток продолжува во Битола.
Над 70 компании од различна дејност ќе се претстават пред битолчани на 4-ти декември од 11 до 14 часот во просториите на битолскиот театар
– На организиран начин ќе дојде до средба на работодавците кои имаат потреба од ангажирање работници и на лицата коишто бараат работа, невработени лица или лица коишто се вработени а амбицираат да се вработат на друга работна позиција и ќе биде добра можност да ги разменат своите видувања и своите идеи, работодавците да ги претстават профилите на работен кадар којшто им е потребен за ангажирање во работен однос, а лицата коишто бараат работа да увидат дали тие согласно своето образование и своите вештини можат да влезат во рамките на тој профил на работен кадар којшто се побарува од страна на работодавачите, посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Во рамките на саемот за вработување се одржи и средба на претставници од институциите со претставници на работодавците од градот Битола и ќе слушнати нивните идеи, предизвици и предлози како и нивните погледи во однос на димензионирање на новиот оперативен план за активни мерки и вработувања, кој че стапи на сила од 2015 година.
Според обработените податоци од Агенцијата за вработување досега се остварени контакти и се дадени над 9.500 поднесоци, а над со 2.500 лица работодавците најавиле дека ќе остварат интервјуа. Над 160 лица благодарение на Саемите за вработување во Скопје, Штип и Неготино се вработиле околу 160 лица.
– Имајќи во предвид дека има уште добар дел од лицата околу 2.000 ќе бидат повикани на дополнителни интервјуа и имајќи во предвид дека треба допрва да се обработат и податоците од Саемите во Струмица и Охрид, цениме дека тој број ќе расте, што е добра вест и дава гаранција дека оваа форма на организација на средби помеѓу работодавачи и работници ја има погодено својата цел и остварува позитивни резултати, истакна Ѓорѓиев.
До крајот на годината ќе биде одржан и Саем за вработување во Куманово.