Новата косовска влада ќе бара воена отштета и дел од имотот на поранешната заедничка држава, конзуларните и воените објекти од Белград, пишува Коха диторе.
Владата, пишува денес Коха диторе, наместо да се залага за признавање на независноста, ќе остане силно ангажирана на целосната нормализација на односите со Србија и на продолжување на дијалогот.
Во нацрт-програмата на косовската влада е наведена определбата да се спроведат сите договори со Белград, како и да се отвораат нови теми, при што би се процениле роковите за да се избегнат бескрајните преговори во триаголникот Приштина-Брисел-Белград.
Во контекст на дијалогот со Србија во програмата на новата косовска влада во врвот на приоритетите е воспоставувањето на меѓународната граница меѓу двете држави, додека другиот е прекинување на мешањето на Србија на Косово во сферите кои не се третирани во Брисел.
Меѓу темите се и меѓудржавната соработка во воздушниот транспорт, воена отштета по разни основи, прашањето на исчезнатите лица и враќањето на раселените.