НБА: Антиќ со десет поени придонесе во победата над Бостон

Македонскиот кошаркар Антиќ постигна десет поени во победата на Атланта над Бостон селтикс со 109:104, што беше негов прв двоцифрен учинок во оваа сезона.

Македонскиот центар на теренот мина 20 минути, а за тој период, освен десетте поени успеа да запише по три скокови и асистенции и да направи две блокади. Кајл Корвер беше најефикасен во тимот на Атланта со 24 поени, додека кај Бостон Џеф Грин броеше до 25 поени.

Најинтересниот меч од синоќешната програма се одигра во Чикаго, каде домашниот тим и Далас играа натпревар кој го добија гостите со 132:129 и тоа по две продолженија.

Монта Елис мечот го заврши со 38 поени, Парсонс имаше 24, а Дирк Новицки 22 со 10 асистенции и 7 скокови. Пау Гасол беше најефикасен во тимот на Чикаго со 29 поени и 14 скокови, Џими Батлер имаше учинок од 23 поени, 8 скокови и 7 асистенции, додека Дерик Роуз забележа дабл-дабл од 18 поени и 10 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Милвоки 111:108

Атланта – Бостон 109:105

Детроит – Л.А. Лејкерс 96:106

Њујорк – Бруклин 93:98

Чикаго – Далас 129:132

Њу Орлеанс – Оклахома 112:104

Денвер – Портланд 103:105

Феникс – Индијана 116:99

Сакраменто – Торонто 109:117

Голден Стејт – Орландо 98:97