На официјалната прес-конференција најпозитивниот македонски репрезентативец Борко Ристовски имаше свој став за мечот и 60 минути со европскиот првак:
„Сакам да му честитам на данскиот национален тим. Тие имаат одличен тим и се фаворити за освојување на турнирот. За нас овој меч беше само за загревање пред наредните два меча кои за нас се витални за останување во турнирот и по групната фаза. Уште еднаш честитки за Данците„ рече Борко Ристовски, кој собра 13 интервенции.
Неговиот колега Никлас Ландин беше прогласен за играч на натпреварот, а Улрик Вилбек на прашањето дали токму тој е најдобар голман на светот, рече: „Ако брани како денес и во наредните седум средби, тогаш можам да кажам дека е најдобар голман во светот. Овој меч беше како бонус за Македонците, за тоа сега и ние и тие мора да се осврнеме на наредните два натпревари„ рече селекторот на европскиот првак.