
Американските научници предупредуваат дека новите генетски варијации на вирусот на грип H3N2 што доминираат оваа година, можат да ја ослабат ефикасноста на вакцината и да ја влошат сезоната на грип.
Во текот на 2012-2013, 2007-2008 и 2003-2004 година најраспространет вирус е вирусот на грипт H3N2 со најголема стапка на смртност во изминатите децении, објаснија претставниците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
– Покрај тоа оваа година е поголем ризикот од сериозни симптоми на грипот по откритието дека тој вирус има генетска мутација во однос на вирусот кој се користи за производство на сезонски вакцини, додадоа експертите и изјавија дека поради тоа може да се очекува намалување на ефикасноста на вакцините за заштита од тој вирус.
Според нив, вакцината штити од мутирани форми на вирусот кои се појавиле во претходната сезона, но не од новите генетски промени кои се пјавуваат во сегашната сезона на грип.
Мутациите на вирусот H3N2 се откриени кон крајот на март по препораките на Светската здравствена организација да бидат избрани видови на вирусот за подготовка на вакцините за сезоната 2013-2014 година.
Експертите потсетуваат дека вирусот на грип постојано се менува и додаваат дека досега се откриени мали генетски промени на вирусот H3N2 меѓу неколкуте илјади испитани примероци.
Секоја година експертите избираат која мутација ќе ја вклучат во вакцината и понекогаш однапред предвидуваат нови генетски промени за да биде поефикасна вакцината. Сепак, и покрај научните предвидувања се случуваат нови мутации во текот на самата сезона на грип.
Американските научници наведуваат дека и покрај предупредувањата, вакцината против грипот е значајна за заштита на чувствителните лица како што се малите деца, бремените жени и лицата постари од 65 години