
Текстурата на компактната пудра Silk Edition е инспирирана од свилата и нејзината посебна формула овозможува таа да се „впие“ во кожата без да остави траги. Според Bourjois ова е нова генерација на компактни пудри кои може да се нанесуваат во повеќе слоеви без страв дека ќе биде премногу воочлива или дека ќе создаде тежина на лицето.
Пудрата се произведува во шест нијанси: Bronze, Golden Beige, Golden Honey, Porcelain, Rose Beige i Vanilla. Најважна особеност е тоа што дава природен изглед и совршен тен без никакви недостатоци.
Совршено ги покрива акните и подочниците, ја осветлува кожата и ви дава совршен мат изглед кој трае и до 8 часа.
Во луксузната амбалажа на оваа пудра е вклучено и посебно меко сунѓерче кое го засилува ефектот на самата пудра и практично огледало кое ротира 360 степени.