ВИДЕО: Пратениците во Украина се степаа за функции

Пратениците во новизбраниот Украински парламент кои не можеа вербално да го решат распределувањето на функциите во законодавните комисии, решението го побараа во тупаниците.

Обидите на претседателот на Парламентот да ги смири, беа безуспешни.

– Не, не, сопрете, сопрете! Прекинете, почитувани колеги, прекинете и ве молам вратете се на вашите места“, повторувал претседателот на парламентот Владимир Гросман, близок соработник на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Независниот пратеник и поранешен лидер на протестите на киевскиот плоштад Мајдан, Владимир Парасјук, оценил дека во парламентот се заборавени принципите на востанието кое доведе до државен удар и уривање на поранешниот претседател Виктор Јанукович.