
На Грција и е дозволено да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, откако новата државна телевизија НЕРИТ стана активен член на Европската радиодифузна мрежа (ЕБУ).
Учеството на Грција годинава беше неизвесно со оглед на тоа што НЕРИТ сеуште не беше членка на ЕБУ, а минатата година за учеството во телевизиското шоу беше направен исклучок.
Шеесетото по ред издание на Евровизија ќе се одржи во Виена на 19, 21 и 23 Мај, а Грција ќе учествува заедно со другите 38 земји од Европа.