
Во Прага утре ќе биде прикажан филмот ,,Македонец” на Петро Алексовски, македонски филм кофинансиран од Полскиот филмски институт.
Филмот ја доловува судбината на македонските и на грчките деца кои ја напуштија родната земја по Граѓанската војна во 1946-1949 година во Грција. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.
Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа.
Премиерно беше прикажан на 31 мај годинава, на филмскиот фестивал во Краков.
На филмската проекција е планирана и дискусија со авторот.