
Триесет и две годишната К.М. е тешко повредена синоќа околу 20 часот, кога 51-годишниот М.Ј. фрлил бомба во трафиката „Футура С“ во Србија во која таа работела. Жената се здобила со тешки повреди и во свесна состојба била префрлена во Ургентниот центар во Белград, каде била задржана на одделението за ортопедија.
Како што неофицијално дознава српски Блиц, напаѓачот ја фрлил бомбата поради нерасчистени сметки со сопственикот на објектот „Футура С“.