
Владата ги обесштети тутунарите од Радовиш, кооперанти на Томи Мик Тобако Радовиш.
Денеска Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43 милиони и 300 илјади денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот.
Средствата за обесштетувањето се обезбедени преку продажба на запленетиот тутун од Томи Мик Тобако Радовиш.
На тутунарите тутунот им е исплатен по просечна цена за откуп во радовишкиот регион.
Со ова Владата останува доследна поткрепа на земјоделецот и заштитник на неговите права.