
Храватската полицијата се сомнева дека девојката го наговорила својот 35-годишен љубовник да фрли бомба во дворот од куќата во Копривница во која се наоѓал нејзиниот 36-годишен сопруг.
Тој во експлозијата се здобил со сериозни и тешки повреди. Со намера да го усмрти 36-годишниот маж, љубовникот ја активирал рачната бомба и ја фрлил во дворот во моментот кога тој се враќал од работа.
Мажот веднаш е пренесен во болница и се бори за живот.
Осомничениот двоец е приведен, а полицијата ги утврдува мотивите за обидот за убиство. Според, засега неофицијални информации, осомничените биле во љубовна врска.