
ПС Пробиштип поднесе кривична пријава против Б.Ј.(51) од Злетово, шумски техничар во ЈП „Македонски Шуми“ за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, на 30.10.2014 година, откако издал испратница, без да изврши жигосување на дрвните сортименти наведени во испратницата во количина од 12,6 метри кубни, со што му овозможил на Н.М.-возач врз основа на испратницата наместо од складот на ЈП да ги транспортира огравните дрва до фирма во Злетово.
Возачот заедно со В.Н. ги продале на две лица во Пробиштип, со што се стекнале со противправна имотна корист од 47.800 денари.