Хибридните машини кои развиваат неверојатни брзини наскоро ќе летаат на нашето небо. Планетата Земја ќе стане уште помала благодарение на некои од овие облици.
Моќните летала кои што ќе развиваат неверојатни брзини, а ќе трошат многу малку гориво ја претставуваат следната генерација на патување.
Овие летала ќе се движат со поголема брзина од брзината на звукот. НАСА ги претстави новите концепти кои покажуваат нов дизајн на крилата, кој е инспириран од дизајнот на иглата.
Работните и приватните патувања ќе бидат многу поудобни и побрзи, а реализацијата на овој концепт се планира за помалку од 10 години.
Една од најпопуларните идеи за дизајн е „телото со хибридни крила“. Овој дизајн ќе доведе до потполно нов степен на аеродинамика, со што ќе се намали потрошувачката, загадувањето и бучавата.
„Дабл бабл“ ќе биде исклучително големо летало кое е дизајнирано така што без проблем ќе може да пренесе голема тежина или голем број патници.