
Во Франција е спречен да дејствува канал за префрлање џихадисти во Сирија за учество во вооружен конфликт на страна на исламистите.
Елитни полициски сили за борба против тероризам извршиле претреси и апсења во реонот на Париз и во Нормандија. Не е соопштено за бројот и профилот на приведените.
Во оваа година во Франција многу се зголеми бројот на лицата кои заминуваат во Ирак и Сирија да се борат во редовите на Исламска држава и други радикални групи. Според официјални податоци, во тие две држави моментно има околу 400 француски граѓани, додека повеќе од 200 изразиле желба да заминат, околу 120 се вратиле и околу 50 загинале, наведуваат француски медиуми.