
Пет лица успејаа да побегнат од кафулето во центарот на Сиднеј каде повеќе часа трае заложничка драма, јавува Еј-Би-Си Њуз, пренесува Нетпрес.
Како што пренесуваат странските медиуми, вооружен напаѓач влетал во кафуле и при тоа задржал непознат број на заложници. Полицијата го блокираше целосно тој дел од градот во кој се наоѓаат државни институции и седишта на голем број компании, а евакуиран е и сиднејскиот плоштад. Инаку, не се знае точно колку заложници останале внатре.
Кафе-продавницата за чоколади Лонт е опколена од неколку стотини полицајци, а во тек се и преговорите со напаѓачот.
Преку прозорците од кафулето се гледаат лица на престрашени луѓе и поставено црно знаме со арапски букви. Очевидци тврдат дека на знамето пишувало „Нема Бог до Алах, Мухамед е божји гласник“.
Прво излегле тројца мажи, по шест часа од почетокот на драмата, а час подоцна со трчање излегле и две жени.