
Следниот вторник, на 22 декември во Театар комедија ќе се одржи театарската претстава „Распеана турли тава“ во која актерите ќе ги пренесат пораките за правилен начин на исхрана и здрав стил на живот, како еден од приоритетните сегмети за превенција на здравјето.
Претставата е наменета за најмладата популација, а целта на овој проект е преку игра и забава пораките за здрави навики и здрав стил на живот да се пренесат на што е можно поголем број деца.
За таа цел билетите за претставата ќе бидат поделени на : „ Домот за деца без родители 11 Октомври„ Скопје, Дневниот Центар за деца од улица-Шуто Оризари, Членовите на здружението на лица со целебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со попречености „Детелина„ во Чашка „, Домот за деца „25 Мај„ од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската Амбасада „Меџаши“ и членови на Креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“.
На децата од Здружението на лица со целебрална парализа и Дневниот центар Детелина во Чашка, ќе им биде овозможено да присуствуваат на претставата, а ќе им биде донирана и храна која се препорачува како правилна исхрана за здрав стил на живот. Храна ќе биде доделена и на децата од Дневниот центар во Шуто Оризари.
Планирани се уште неколку изведби на „Распеана турлитава„ во текот на јануари и февруари 2015 година со цел пораките да бидат пренесени на што поголем број ученици од основните училишта и секогаш изведбите ќе имаат и хуманитарен карактер.
Реализацијата на овој проект го овозможија Млекара Здравје Радово и Пелистерка.
Во претставата играат: Снежана Коневска Руси, Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, Зорица Панчиќ, Горѓи Нешковски и Христина Георгиевска.