Само на најбогатите во бизнисот им е дозволено да се облекуваат како бездомници

Доколку сте милијардер од Силиконската долина, може да облечете што ќе посакате. Марк Цукерберг, мнозински сопственик на „Фејсбук“, безброј пати се појавил во јавноста носејќи дуксер со качулка и сандали.

Сергеј Брин, коосновач на „Гугл“ не се срами од своите спортски сандали, а покојниот Стив Џобс, ретко можеше некој да го забележи без неговите сиви патики за трчање.

„Имам безброј суперуспешни клиенти од Силиконската долина кои носат искинати патики и маици со кратки ракави“, напишал консултантот Том Сеарси. Според него, тоа е статусен симбол да се облекуваат како бездомници и така да се појават на деловни состаноци.

Додека луѓето генерално се прилагодуваат на нормите на групите од страв да не бидат критикувани или казнети, анегдоти и одредени истражувања се доказ дека луѓето со висок статус се чувствуваат слободни да ги кршат правилата- јадат со отворена уста, ги кршат сообраќајните правила и изнесуваат непопуларни мислења. Но, како другите луѓе гледаат на овие отстапки? Дали тоа е знак на статус?

Ново истражување кое што ќе биде објавено во „The Journal of consumer research“ сугерира позитивен одговор. Авторите тој феномен го нарекуваат „ефект на црвени патики“, откако една од авторките имала предавање на Харвард во своите црвени патики.

Силвиа Белеза, докторант на Харвард, Франческа Гино и Анат Кеинан, двајца тамошни професори, прво ги изучувале врските меѓу успехот и формалност. Откриле дека професорите кои неформално се облекуваат на академските конференции, носејќи маици наместо кошули, имале импресивни биографии. Тие истражувале на кој начин тактиката на облекување укажува на статусот, кој што го уживаат луѓето.

Белеза заминала во Милано и ги анкетирала продавачите во луксузните бутици да замислат жена која во продавницата влегува во спортска облека или во крзнена бунда. Другите требало да замислат жена во влечки која на својата рака носи скап часовник Swatch или жена на потпетици која носи Rolex. Продавачите потоа имале обврска да го анализираат нивниот социјален и финансиски статус. Од хипотетичките купувачи, неформално облечените биле побогати и поважни луѓе.

Еден од продавачите рекол дека „богатите луѓе понекогаш се облекуваат многу лошо за да може да демонстрираат супериорност и дека ако се осудите да влезете во овие бутици и сте така лошо облечени сигурно е дека ќе купите нешто“.

Но, кога Белеза ги поставила истите прашања на случајните минувачи, тие претпоставиле дека подобро облечените клиенти се побогати. Толкувајќи го статусниот симбол, заклучиле истражувачите, се чини дека потребно е познавање на окружувањето во кое што се користат.

Ефектот на црвени пати се вклопува во поширокото истражување за идејата дека одредени видливи карактеристики или однесување сигнализираат сокриени квалитети во однос на ризикот кој што го носат. На пример, шарените пердуви на опашката на паунот се чинат како лесен плен за грабливците, но она што го говорат пауниците е дека тој е доволно способен да го поднесе ризикот. Се’ што има некаков квалитет (физичка подготвеност), за него сигналот е помалку ризичен (пердувите), па покажувањето на сигналите е сигурен сигнал за квалитетот.

На тој начин функционира видливата потрошувачка: накитот е скап (ризик), освен ако сте богати и имате доволно готовина. На сличен начин,