
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека без вода, утре ќе останат дел од корисниците на општина Центар.
Поради уличен дефект на Ф 100 мм на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.36, без водоснабдување ќе останат корисниците на 3-те кули од бр.36 на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин и блокот од зградата кај кафеана Победа од 09:30 часот до санирање на дефектот.