
Кинезите вчера збеснале кога слушнале дека Владата на Србија бара одложување на потпишувањето на договорот за заем за термоелектраната „Костолац Б“, која треба да се официјализира во текот на Самитот за Кина и 16 држави од централна и источна Европа, кој вчера почна во Белград, објавува спрски Курир, пренесува НетПрес.
Ли Манчаг, кинескиот амбасадор, бесен излетал од зградата на Владата кога дознал дека официјалните лица од Белград сакаат да го променат договорот. Курир го открил овој дипломатски скандал кога ја фатил СМС преписката меѓу директорот на „Електроприведе Србија“, Александар Обрадовиќ и Горан Ѓоковиќ, чичко на тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Курир го фотографирал Обрадовиќ на економско-трговскиот форум во Сава центарот.
„Каде си? Тргна на лошо“, му напишал Обрадовиќ на Ѓоковиќ.
„Ј…га не дојде синоќа“, му вратил Ѓоковиќ на Обрадовиќ, замерувајќи му што искулирал со делегацијата на Кина.
„Ти не разбираш што ти зборувам… Сега Антиќ (министерот за енергетика) и јас го известивме кинескиот амбасадот дека бараме одложување на потпишувањето за заем на „Костилац Б“. Амбасадорот полуде од без и излета од канцелариите на Владата на Србија… Јас сум сега на црната листа на Кинезите“, одговорил Обрадовиќ.
Горан Ѓоковиќ ќе биде еден од директорите на идната кинеска компанија за изградба на исфруструктура во Југоисточна Европа со седиште во Белград.