
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С.(63), директор на ПШС-Куманово за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во 2013 година пријавениот ја злоупотребил службената положба и овластување, постапувајќи спротивно и на упатството за начинот на работа во платниот промет и на упатството за продажба на дрвни сортименти, од приходна сметка на ПШС-Куманово извршил плаќање по основ на промет на производи и стоки кон седум правни лица во износ од 286.781 денари и незаконски склучил договор за продажба на 400 метри огревни дрва со ДПТУ „Оил Груп“ ДОО-Скопје, по што им испорачал 84,7 метри кубни оргевни дрва во вкупен износ од 286.845 денари од кои 186.845 денари останале неплатени. Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈП „Македонски шуми“ ПШС-Куманово во вкупен износ од 473.626 денари.